Тренд аларм: Фустанче во сафари стил + впечатлив кафен качкет

17 јуни 2019

Високите летни температури полека стануваат секојдневие, а тоа значи носење на што е мжно полесни парчиња во кои нема да ги почувствуваме горештините.

Денеска ви предлагаме едно такво фустанче во кафена нијанса целосно украсено со тропски мотиви кое е како создадено за на сафари.

Истото ќе ни заврши огромна работа во овие летни денови, а доколку го комбинирате со удобни сандали соодветни за високи температури, тогаш имате полн погодок.

На истото ние му додадовме и интересен кафен качкет и кружни обетки во ист стил кои се нашите најдобри сојузници за сите стајлинзи ова лето.

Носете ги сите парчиња заедно како совршена летна целина, или пак одделно кога сакате на било која комбинација да ѝ додадете дополнителен шарм.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустанче: Mango Капа, обетки: Parfois

Модел: Татјана Јанушева

Модна агенција: Моделс Ин

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Cherry Orchard

Објавено:
17 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.136 пати