Тренд аларм: Инспиративен празничен изглед со еко-крзно + металик нијанси

7 декември 2017

Ако веќе размислувате што ќе облечете на празничните забави што ни престојат, ние имаме супер предлог за вас.

Металик нијансите се секогаш ИН во периодот околу празниците, па затоа нема да згрешите ако одберете некое шик парче во сребрена варијанта.

Во нашиот денешен стајлинг комбиниравме тесни металик-сребрени панталони со маичка на прерамки од кадифе со циркони.

Изгледот го надополнивме со елегантни високи потпетици во „вино" црвена боја со клач чанта во истата нијанса.

Особен гламурозен печат овој аутфит добива благодарение на шалот од еко-крзно како и комбинацијата на златни и сребрени прстени.

 

Стајлинг: Fashionel.mk
Комбинација: Fashion Group
Манго – маичка, панталони, чанта, високи потпетици
Parfois – крзнен шал, прстени
Модел: Лидија Ангелкова (Модна агенција Моделс ИН)
Шминка: Елена Лука

 

Објавено:
7 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
846 пати