Тренд аларм: Комбинација за лежерни момци

13 февруари 2015

trend alarm 12.2

Денешната комбинација во рубриката тренд аларм ја посветуваме на оние момци што уживаат во лежерни комбинации. Токму една таква предлагаме, а веруваме дека ќе го погодиме вкусот на многумина.

Белата блуза со тегет  од Scotch & Soda е вистинска класика, и кога се боите, а и моделот во прашање, а ние ја искомбиниравме со класични фармерки, во прав крој и подвиткани ногавици, од истиот бренд. Кога се обувките во прашање, наш избор се длабоки тегет патики од Diesel.

Сонцето конечно ни се насмевна, па во оваа едноставна, но ефективна машка комбинација, искористете го денот најдобро што можете, чувствувајќи се удобно и тренди.

Објавено:
13 февруари 2015
Категорија: 
Тренд