Тренд аларм: Комбинезони во боите на летото!

10 мај 2016

Сега е вистинско време да се подновите со ова парче за кое веќе знаеме дека ќе биде задолжително ова лето!

Во вашиот плакар мора да го имате овој модел комбинезон со кој ќе уживате во долгите летни прошетки и омилените денови покрај плажа.

Доколку сте во можност, набавете си по еден во најубавите бои меѓу кои и жолта и неодолива розова.

Комбинирајте ги со што и да посакате, а за деновите на плажа и прошетките покрај море, со овие шик влечки со ремчиња во предниот дел.

На бохо комбинезонот додајте му и обетки со реси и секако, не заборавајте ги и задолжителните очила за сонце.

Уживајте во летото што допрва доаѓа!

Комбинезони, чевли: Mango

Очила за сонце, обетки: Parfois

Објавено:
10 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.038 пати