Тренд аларм: Кошула и панталони на пруги за стилски старт на пролетта

18 март 2019

Ако оваа сезона сакате да се чувствувате лежерно, а истовремено да бидете тренди, тогаш ова е комбинацијата за вас.

Знаете дека девојките сезонава се вљубени во стилските дамски костими, па ние ви предлагаме нешто слично, но во малку полежерна верзија.

Кошулата е must have за секоја дама во плакарот, без разлика на сезоната, а истата е дополнително шик ако е со принт како денешниов.

Оваа кошула во кафено – бели пруги ја комбинираме со широки панталони со ист дезен со панделка – ремен на половината.

За дополнителен шик изглед, комбинацијата дополнете ја со рамни црни балетанки и мини чантичка која можете да ја носите на повеќе начини. Обетките се во иста нијанса како кафените пруги на парчињата, надополнети со стилски реси.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Кошула, панталони, чанта, балетанки: Mango

Модел: Мартина Давидовска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
18 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.658 пати