Тренд аларм: Кошула со животински принт + џинс со висок струк

5 септември 2018

Иако сè уште времето е топло, есента е пред нас па слободно можеме да се подготвуваме за студените денови што доаѓаат.

Она што денеска ви го предлагаме се тренди парчиња со кои можете да ја отворите есенската сезона која ќе донесе многу нови трендови.

Како и секогаш, обожаваме парчиња со животински принт, па денеска ви препорачуваме лежерна свилена кошула во црно – бела боја.

Истата е сама по себе неодолива, па доволно е да ја комбинирате со едноставни фармерки со висок струк во светла нијанса.

Носете ја со рамни чевли за секојдневните обврски или пак со високи потпетици за некоја вечерна забава.

Комбинација: Fashion group

Кошула и фармерки: Mango

Стајлинг: Fashionel

Модел: Анастасија Василевска

Објавено:
5 септември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
417 пати