Тренд аларм: Кул комбинација за сите шик девојки

24 јануари 2017

Иако можеби времето сѐ уште е студено за оваа комбинација, без двоумење комбинирајте ја со дебели хулахопки кои ќе изгледаат супер, а и ќе ве стоплат дополнително.

Оваа тренди комбинација се состои од кусо кожено здолниште во темно црвена боја и кошулка со црвени апликации во комбинација со кул блузонче во сива нијанса со интересна апликација во предниот дел.

Комбинацијата дополнително истакнете ја со овие црни чизмички до глужд и чантичката во иста боја како здолништето.

Едноставната шминка и фризура ќе направат целото внимание да биде свртено кон самата комбинација. 

Комбинација: Fashion Group

Здолниште, кошула, блузон: Springfield

Чанта: Parfois

Чизми: Bata

Шминка: Студио Инфинито

Модел: Соња Граждани

Модно студио: Моделс Ин

Објавено:
24 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.144 пати