Тренд аларм: Летен стајлинг со кој ќе ги победиме високите температури

12 јуни 2019

Иако ултра високите температури дојдоа одеднаш, толку многу нѝ недостасуваше летото што некако и не нѝ пречат.

Единствено на што морате да внимавате е да одберете летни парчиња во кои ќе се чувствувате удобно и кои се направени од лесен материјал.

Денеска ви предлагаме една таква стилска комбинација составена од две парчиња во прекрасна црвена боја со точкаст принт.

Станува збор за маичка на тенки прерамки во комбинација со широки панталони од истиот супер пријатен материјал кои можете да ги носите заедно или одделно.

Доколку скоро планирате одмор, комбинацијата дополнете ја со сламена шапка со актуелните школки како украси и рамни сандали по ваш избор.

Чантата што единствено одговара на овој стајлинг е во сламена варијанта како единствена потребна за да бидете стилска девојка низ улиците ова лето.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Маичка, панталони, шапка, чанта: Mango

Модел: Татјана Јанушева

Модна агенција: Моделс Ин

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Cherry Orchard

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
642 пати