Тренд аларм: Маслинест фустан + влечки со животински принт

15 јули 2019

Иако деновиве температурите се значително пониски и времето е доста посвежо, тоа не значи дека не е лето и дека нема допрва да уживаме во топлите денови.

Денеска носиме шармантно и лесно маслинесто фустанче на пруги со јака и копчиња во предниот дел, а истото дополнително е истакнато со ремен на половината од истиот материјал.

Со оглед на тоа дека сепак е лето, фустанчето ние го надополнивме со рамни влечки со животински принт како едни од омилените обувки во текот на топлата сезона.

Што се однесува до деталите, оваа ултра летна комбинација ние ја украсивме со марама на главата, а истата можете да ја врзете на милион други начини.

Оваа комбинација е како создадена за вечерните прошетки покрај море, но доколку на истата ѝ додадете сандали или пак рамни балетанки ќе биде одлична и за на работа.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, влечки: Mango

Марама: Parfois

Модел: Ирина Јонческа

Модна агенција: Моделс Ин

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Старо Буре, Кучково 

Објавено:
15 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
600 пати