Тренд аларм: Нежна кошулка + искинати фармерки

5 мај 2016

Додека сме во исчекување на вистинските пролетни денови, уживаме разгледувајќи ги трендовите и парчињата што ќе преовладуваат оваа сезона.

Меѓу таквите веќе знаеме дека се искинатите фармерки кои се апсолутен must have за целата летна сезона. Кошулите се нешто без што не може да се замисли ниту една девојка на светот, па така денеска ви предлагаме една неверојатно стилска и нежна во прекрасна сина боја.

Истата можете да ја комбинирате со што и да посакате, па така носете ја со фармерки за лежерни пригоди или пак со елегантни панталони или здолниште за на работа.

Комбинирајте ја со впечатливо ланче што дополнително ќе ја разубави и секако, уникатна чантичка со шик апликации во кои едноставно сме заљубени сезонава. Кога ќе дојде вистински топлото време, комбинацијата надополнете ја со овие интересни чевли во прекрасна nude боја.

Комбинација: Fashion Group

Фармерки, кошула, чевли: Mango

Ланче, чанта: Parfois

Шминка: Елена Лука

Модел: Калина Лозаноска, Моделс Ин

Објавено:
5 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.644 пати