Тренд аларм: Обожаваме да носиме сино оваа есен!

10 октомври 2018

Во неколку наврати пишуваме дека оваа топла есен здолништата се наши фаворити, а понудата на high street брендовите е толку разновидна што секој ќе најде нешто за себе.

Она што денеска сакаме да ви го претставиме е ова прекрасно и впечатливо здолниште кое е како создадено за посебни прилики во текот на есента.

Ние го носиме со едноставно и нежно сино џемперче со што му дадовме една дневна верзија за оние со малку повеќе храброст.

Здолништето е направено од интересен материјал со светки како украси по површината кои истото го прават неверојатно уникатно.

Можете да го комбинирате со што и да посакувате, почнувајќи од високи потпетици, рамни чевли и едноставна блузичка, високи чизми до колената, но и вакви, кратки чизми кои се навлекуваат и кои се едни од најпосакуваните сезонава.

Што се однесува до комбинацијата на бои, ние секогаш сме воодушевени од спојот на сино и темно црвено, па се чини дека и овојпат истите одлично одат заедно.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Здолниште, џемпер, чизми: Mango

Очила: Parfois

Стајлинг: Fashionel

Модел: Миа Симоновска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
10 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.570 пати