Од бои никогаш доста! Уште неколку дена не делат од омиленото годишно време, па веќе можеме да ги подготвуваме комбинациите во кои ќе блеснеме секој ден од неделата.
Денешната комбинација е како создадена за безгрижни летни денови, а можете да ја носите на безброј пригоди.
Составена е од елегантно бело здолниште до под колената со интересни детали во предниот дел и маичка на тенки прерамки во интензивна црвена боја.
Комбинацијата ја заокруживме со сандали на мала потпетица и сламено венче како ултимативен хит за ова лето.
Стајлингот е неодолив сам по себе, но вие можете дополнително да го украсите со чанта по ваш избор и алка или часовник.
Носете ја комбинацијата на работа, на вечерна забава, на ручек со пријателите и кај и да посакате за да блеснете било кој ден од неделата.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Здолниште, маичка, сандали: Mango
Венче: Parfois
Модел: Татјана Јанушева
Модна агенција: Моделс Ин
Фризура и шминка: Елена Лука
Локација: Cherry Orchard