Тренд аларм: Петок во пастелни нијанси

23 февруари 2018

Работната недела ја завршуваме со тренд-аларм во пастелни нијанси. Некако сите сме нестрпливи да го испратиме студеното време и да се нурнеме во креативноста што ја носи пролетта.

Инспирирани од тоа, за овој пат ви подготвивме стајлинг кој содржи плисирано миди здолниште во пастелно сина нијанса.

Го комбинираме со црна маичка со цветен принт. На тоа додаваме мека, широка наметка-капут во пастелно розова нијанса.

Комбинацијата ја комплетираме со црни чизмички до глужд и чанта во розови нијанси.

Повикајте ја пролетта со својот изглед!

 

Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion group

Здолниште, капут, маичка - Springfield

Чизми - Mango

Чанта - Parfois

Модел: Магдалена Лазовска, Модна агенција Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

 

 

Објавено:
23 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
633 пати