Тренд аларм: Плетен фустан, шапка и сандали со врвки за кул лето

29 јули 2019

Иако во текот на летниот период секогаш бараме нешто поедноставно и изработено од лесен материјал, подеднакво омилени се и плетените работи, но во полежерна варијанта.

Токму таков модел на исклучително стилско и софистицирано фустанче ви предлагаме денес, плетено на многу интересен начин во неодолива сребрена нијанса.

Под истото има црна постава од нежен материјал што одлично одговара на високите летни температури, а и изггледа навистина интересно.

Долги години сандалите со врвки беа омилени на девојките сѐ додека оние со плута и обвиткани со коноп не го земаа пиедесталот, но летово трендсетерките повторно го враќаат стариот модел.

Дел од денешниот тренд аларм се токму такви, рамни сандали со врвки кои се врзуваат нагоре по ногата, дополнително украсени со мали школки како едни од омилените детали летово.

Целата комбинација ја надоградивме со тренди шапка во слична нијанса како и фустанчето, на која ќе забележите интересен колоритен детаљ од страната.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, сандали: Mango

Шапка: Parfois

Модел: Ирина Јонческа

Модна агенција: Моделс Ин

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Старо Буре, Кучково 

Објавено:
29 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
450 пати