Тренд аларм: Пролетен фустан со точки + палто од велур

4 март 2019

На прагот на пролетта, време е да се збогуваме со сите зимски парчиња и да уживаме во леснотијата на лелеавите материјали.

Денеска ви предлагаме еден фустан направен токму од таков материјал во прекрасна кафена нијанса со црни точки по површината.

Иако пролетта е прекрасно време и најчесто уживаме со само едно парче, сè додека времето не биде доволно топло, фустанот комбинирајте го со ова шик палтенце од велур во малку потемна нијанса од фустанот.

Ние сакавме дополнително да го истакнеме изгледот, па на комбинацијата ѝ додадовме елегантни кафени сандали.

Што се однесува до накитот, наш фаворит оваа сезона се ланчињата во златна нијанса, особено оние суптилните што можете да комбинирате повеќе одеднаш.

Ова е совршената комбинација со која можете да ѝ посакате добредојде на пролетта, со соодветни обувки за пригодата.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, палто, сандали: Mango

Накит: Parfois

Модел: Мартина Давидовска

Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
4 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.346 пати