Тренд аларм: Пруги + ѕвонарки = шик ретро денови

20 октомври 2015

Како огромен тренд сезонава дефинитивно ги издвојуваме фармерките ѕвонарки од кои мора да имате барем еден чифт во плакарот. Истите ќе бидат уште помодерни доколку есенва ги комбинирате со топла блузичка на пруги и долго елече во бојата што вам најмногу ви се допаѓа. Бидејќи станува збор за ѕвонарки, задолжително комбинирајте ги со чевли на висока потпетица, за да дојдат што е можно повеќе до израз. На комбинацијата, додадете ѝ шик чантичка со принт и некое впечатливо ланче за дополнително да ја разиграте.

Комбинација: Fashion Group

Фармерки, блуза, елек: Mango

Чанта, ланче: Parfois

Чевли: Bata 

Шминка и фризура: Елена Лука

Модел: Ивана Караџова

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
20 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.859 пати