Тренд аларм: Романтичен фустан со откриени рамена и карнер

13 јуни 2017

Се чини дека во градот пристигнаа тропските горештини, а тоа секако значи полежерна облека, која истовремено мора да е супер шик.

Она без што ниту една девојка не може да си го замисли летото се лесните и тренди фустанчиња, а денеска ви предлагаме едно токму такво.

Истото е изработено од неверојатно пријатен материјал со нежни пруги и карнер во горниот и долниот дел.

Прекрасна романтична нота му дава ременот на средината, откриените рамена и нежните копчиња кои се неверојатно слатки.

Фустанчето е во прекрасна светла нијанса што ви овозможува да го комбинирате со што и да посакате, а ние денеска ви предлагаме удобни еспадрили во пруги во темно сина и бела нијанса.

Уживајте во долгото топло лето со овој фантастичен модел во кој ќе сакате да ги поминете сите топли денови.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion Group

Фустан, еспадрили: Mango

Модел: Евгенија Миленкова

Агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
13 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
411 пати