Тренд аларм: Розово фустанче од тантела + тренди патики

10 мај 2019

Нема ништо поубаво во пролетните денови од стилско и удобно фустанче што ќе биде ваш најдобар сојузник секој ден.

Токму такво ви предлагаме денеска, во нежно розова боја, изработено од нежна тантела со копчиња во предниот дел.

Фустанчето е на куси ракави, со должина до под колената и како создадено за разни пригоди, меѓу кои и секојдневните работни обврски, вечерни излегувања, дневно кафе со пријателките или пак некој свечен настан.

Она на што единствено треба да му посветите внимание се чевлите, односно во дневни варијанти ние сакаме да го комбинираме со тренди патики, додека за вечерните изданија одбираме високи потпетици или пак некои шик рамни чевлички.

Во случајов, ние му додадовме и обетки во златна нијанса што совршено го надополнија изгледот на девојката, а вие можете да го украсите со што и да посакате, секако умерено.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, патики: Mango

Модна агенција: Моделс Ин

Модел: Тамара Петковска

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Бриколаж

Објавено:
10 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.441 пати