Тренд аларм: Розово за совршен старт на пролетта

21 февруари 2017

Овие денови живееме вистинска пролет! По тој повод, време е да ја обновиме гардеробата во плакарот со некои нови пастелни парчиња.

На пролетниот репертоар денеска имаме совршени тесни фармерки во светла нијанса кои ги комбинираме со едно слатко џемперче во црно – розови пруги со интересно врзување во предниот дел.

Бидејќи деновиве времето е навистина сончево и топло, без размислување комбинацијата можете да ја истакнете со оваа розова тексас јакна и рамни чевлички со металик сјај во кои ќе се чувствувате поудобно од кога и да е.

Оваа пролет не заборавајте и на модните додатоци, па задолжително набавете си украс за на главата, овој пат во розова нијанса со црни точки.

Уживајте во топлото и сончево време за кое се надеваме дека никогаш нема да си замине!

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Fashion Group

Фармерки, џемпер, тексас јакна: Springfield

Чевли: Bata

Украс за на глава: Parfois

Шминка: Даниел Николовски

Модел: Калина Лозаноска

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
21 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.677 пати