Тренд аларм: Шик комбинација составена од парчиња во земјени тонови

26 февруари 2019

Иако на прагот е омилената пролет, сè уште можеме да носиме зимски парчиња во кои ќе уживаме последните зимски денови.

Токму денеска, ви предлагаме една таква комбинација составена од панталони со висок струк на кои се распоредени шик копчиња во предниот дел и свилена крем блузичка за секоја пригода.

Одозгора, комбинацијата ја надополнивме со стилски капут во крем нијанса како еден од омилените оваа студена сезона.

Украсете ја комбинацијата со овие чевли на ниска потпетица со животински принт кои се доволни дополнително да ја истакнат и онака шармантната комбинација.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk

Парчиња, чевли, чанта : Mango

Модел: Миа Бошева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
26 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
586 пати