Тренд аларм: Со ведра комбинација против дождот!

27 март 2015

Иако мислевме дека со доаѓањето на пролетта конечно ќе се ослободиме од дождот, се докажа сосема спротивното. Но, тоа воопшто не е причина вашата вечерна петочка комбинација да не биде сосема ведра и исполнета со прекрасни бои.

Одберете бели лесни панталони со висок струк и нежна жолта кошула, комбинирани со стилски високи потпетици во две бои.

Комбинацијата надополнете ја со шик чантичка во крем боја, а палтото нека биде по ваш избор.

Овие стилски парчиња ќе ги најдете во продавниците на Манго, Бата и Парфоа.

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Тренд