Тренд аларм: Совршената лежерна комбинација за Денот на вљубените

14 февруари 2017

Веруваме дека веќе се одлучивте како ќе го поминете Денот на вљубените, па ние ви нудиме една прекрасна комбинација со неодоливи црвени детали. За да се чувствувате најудобно каде и да одите, освен се разбира доколку не станува збор за некоја свечена прилика, одберете едноставни фармерки и комбинирајте ги со интересна блузичка во пруги.

Ракавите на блузичката се ѕвонести и тотално во тренд, а истата ја комбинираме со шик црвена кожена јакна во чест на Денот на вљубените. Доколку местото ви дозволува комбинацијата надополнете ја со овие слатки црвени чевлички, но секако имајте на ум и дека комбинацијата ќе биде совршена и со чизми по ваш избор. Што се однесува до модните додатоци, денеска единствено носиме впечатливи обетки и секогаш беспрекорна шминка и фризура.

Нека ви е среќен празникот на вљубените! 

Стајлинг: Fashionel

Парчиња: Fashion Group

Фармерки, блуза, јакна: Mango

Чевли, обетки: Parfois

Модел: Калина Лозаноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Даниел Николовски

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.066 пати