Тренд аларм: Стилска зимска комбинација од сиви парчиња

3 јануари 2017

Конечно денеска почнуваме полека да се враќаме во нормала по неколкуте празнични денови, а без разлика дали сте на работа или денот ќе го искористите поинаку, одберете ја совршената комбинација.

Фармерките со апликации се must have кога станува збор за трендовите во новата година, а истото е случај и со блузоните со интересни натписи.

Иако на прв поглед ќе помислите дека станува збор за спортска комбинација, истата слободно можете да ја комбинирате со овој стилски сив капут како еден од најпосакуваните сезонава.

Комбинацијата надополнете ја со сѐ уште омилените црни чизмички до над глуждовите, а секако, заштитете се од студот со оваа плетена капа со крзно. 

Комбинација: Fashion Group

Фармерки, блузон, капут, капа: Springfield

Чизми: Bata

Модел: Соња Граждани

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Студио Инфинито

Објавено:
3 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.274 пати