Тренд аларм: Стилски фустан во земјени тонови за последните мигови од летото

10 септември 2019

Иако е најавено дека речиси во текот на целиот месец ќе уживаме во топлото време, сепак мора да се соочиме со вистината дека долгото, топло лето полека, но сигурно изминува.

Доколку пред вас е некоја прослава закажана за вечерните часови, тогаш ние го имаме вистинскиот фустан за вас.

Станува збор за супер впечатливо колоритно парче избоено во земјени тонови, со отвори на нозете и сексапилни тенки прерамки.

Совршен избор за некоја свеченост во овие мигови кога навечер веќе е свежо, а вие сепак сакате да оставите впечаток.

Фустанот е изработен од плетен материјал, дополнително истакнат со светкав конец на неколку места, што го прави уште подобар избор ако сакате да блеснете некаде.

Ние го комбинираме со жолти потпетици и обетки во јака црвена боја обложени со коноп во срцевидна форма како едни од омилените додатоци оваа есенска сезона.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, потпетици: Mango

Обетки: Parfois

Фризура и шминка: Елена Лука

Модел: Ванеса Гоцева

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
289 пати