Тренд аларм: светкав фустан + сребрени чизми до глужд

2 јануари 2018

Иако „најлудата" ноќ е зад нас, сепак ни претстои период со најубавите празници и продолжени викенди.
Веројатно во вашата агенда имате уште некоја празнична забава, за која ние ќе ви помогнеме да го одберете совршениот аутфит.

Нашиот предлог е светкав мини, асиметричен фустан од Манго комбиниран со топла, црна бунда од еко крзно.

Со оглед на тоа дека фустанот сам по себе е доволно впечатлив, од накит додадовме еден масивен прстен, а стајлингот го заокруживме со тренди металик-сребрени чизми до глужд.


Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group
Манго – фустан, бунда, чизми
Parfois - прстен
Модел: Лидија Ангелкова, Моделс Ин
Шминка: Елена Лука

 

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.040 пати