Тренд аларм: светкава дводелна комбинација

15 декември 2017

Како се наближуваат празниците, така сѐ повеќе вниманието ни го привлекуваат светкавите парчиња облека.

Затоа за денешниов тренд аларм се одлучивме за една токму таква, празнична комбинација од Манго.
Одбравме впечатлива асиметрична блуза со еден ракав и панталони до глужд, изработени од светкав материјал во црна боја.

Ова е идеален стајлинг за некоја од празничните забави.

Може да го надополните со елегантни сандали во силвер варијанта, мини чанта со кратка рачка и масивен прстен.

 

Стајлинг: Fashionel.mk
Комбинација: Fashion Group (Манго – блуза, панталони, чанта, сандали; Parfois – прстен)
Модел: Лидија Ангелкова (Модна агенција Моделс ИН)
Шминка: Елена Лука

Објавено:
15 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
919 пати