Тренд аларм: Тегет капут од еко крзно и кадифени мокасинки

1 ноември 2017

Оваа зима обожуваме да носиме еко крзно во сите негови варијанти.

Секако капут е нашиот прв избор. Затоа за денешниот тренд аларм одбравме комбинација во која акцентот е токму на неодоливиот капут од еко крзно во тегет варијанта, со миди должина, од актуелната понуда на Манго.

Капутот го комбиниравме со џинс и бела кошула, како и со мокасинки исто така во сина нијанса, изработени од кадифе.

Стајлингот го заокруживме со чанта со флорален принт, со синџирче за преку рамо , како и трака за глава, што ја надополнува сината палета што доминира во оваа комбинација.

Стајлинг: Fashionel
Комбинација: Fashion Group (Parfois, Манго)
Модел: Матеа Кантурска, модна агенција Моделс Ин
Шминка: Елена Лука

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.712 пати