Тренд аларм: Тексас комбинезон што мора да го имате

22 октомври 2018

Комбинезоните и сезонава се едни од омилените поради многу причини – истите се супер стилски, совршени се за комбинирање и изгледаат неверојатно добро.

Во согласност со сезоната, деновиве носиме комбинезон изработен од тексас како едно од клучните парчиња кои секоја дама би требало да ги има во својот плакар.

Она по што овој комбинезон е посебен е неговиот одличен крој, ременот на половината, суптилното деколте и копчињата во предниот дел.

Сите овие работи го прават неодолив и ретро поради што уште повеќе го сакаме. Можете да го носите со високи потпетици, со чизми во претстојните студени зимски денови, па дури и со патики во некоја полежерна варијанта.

Истиот е супер избор и за некоја посвечена пригода, секако, со соодветна шминка, фризура и модни додатоци.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Комбинезон: Mango

Обетки: Parfois

Модел: Миа Симоновска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
22 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.222 пати