Тренд аларм: Темно син комбинезон + бела блузичка

5 декември 2018

Во пресрет на празниците, добредојдени се сите шик комбинации што може да ни послужат како инспирација за претстојните забави што веруваме дека ќе ги има во изобилие овој месец.

Денеска ви претставуваме еден шик комбинезон во темно сина боја што одлично изгледа сам по себе, но во случајов ние го комбинираме со памучна бела маичка одоздола.

Комбинезонот доаѓа со ремен на средината и е во неутрална боја, па токму затоа можете да го комбинирате со што и да посакате.

Ставете му впечатлив накит, високи потпетици, патики, чизми или што и да одберете, комбинирајте го и со куса кожена јакна за повпечатлив изглед.

Бидејќи секогаш сме вљубени во зимските шапки, во комбинација со овој комбинезон ние вметнавме и темно сина шапка која е одличен избор за безброј пригоди.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Комбинезон, блуза: Mango

Ѓердан, шапка: Parfois

Модел: Софија Симоноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
5 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
463 пати