Тренд аларм: Темно зелен фустан + крзнено елече

8 март 2017

Иако изминатите денови се чинеше дека неделава ќе имаме сончево време, сепак тоа не се случи. Искористете ги последните денови од сезоната и комбинирајте го овој темно зелен фустан до над колената со ова шик крзнено елече.

Истото сѐ уште е едно од омилените парчиња на девојките веќе неколку сезони, бидејќи можеме да го носиме со што и да посакаме, почнувајќи од наједноставни дневни комбинации, па сѐ до елегантни и вечерни.

Додека топлото време и високите температури сѐ уште не дошле во градот, без да се двоумите ваквата комбинација истакнете ја со овие високи кафени чизми кои беа едни од нашите омилени во текот на зимата.

Ние сѐ уште ги сакаме чокер ланчињата во многу варијанти, па затоа и во оваа комбинација носиме едно во кафена нијанса со златен приврзок на средината.

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Fashion Group

Фустан: Mango

Елече: Springfield

Чизми: Bata

Ланче: Parfois

Модел: Калина Лозаноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Даниел Николовски

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.075 пати