Тренд аларм: Темно зелени панталони + топол крем џемпер = совршена зима

31 октомври 2019

Во зима нема ништо поубаво од топол џемпер што истовремено е и стилски, па токму таков ви предлагаме денеска, а истиот го комбинираме со неодоливи темно зелени панталони.

Материјалот на панталоните е совршен за ова преодно време од годината, а џемперот ви е единствено потребен додека температурите сè уште дозволуваат да не носиме палто.

Стилската и шармантна комбинација ја надополнивме со тренди патики во неколку нијанси, а акцентот го ставивме и на модните додатоци.

Есенва еден од омилените модни додатоци се венчињата за глава, па ви предлагаме едно во нежна зелена нијанса, а изгледот го надополнивме и со обетки во интересна форма, во златна нијанса.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Панталони, џемпер, патики: Mango

Обетки, венче: Parfois

Фризура и шминка: Елена Лука

Модел:Мања Блажевски

Модна агенција: Моделс Ин

Локација: Градинарски центар Фоја

Објавено:
31 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.950 пати