Тренд аларм: Тренди и елегантни

4 мај 2015

Наш денешен избор за вашиот вечерен изглед е оваа прекрасна комбинација составена од бела кошула и фармерки. Едноставноста на овој изглед е исклучиво во боите на парчињата, додека се' останато е специфично и модерно.

Фармерките се надополнети со украсни циркони кои одлично ја рушат монотонијата, а главен акцент е ставен на прекрасните чевли од Бата, кои веруваме дека никого нема да остават рамнодушен.

Ако сте од оние што сакаат да бидат тренди и елегантни, веруваме дека ќе се пронајдете во нашиот предлог.

Објавено:
4 мај 2015
Категорија: 
Тренд