Тренд аларм: удобен плетен џемпер + мини здолниште

28 ноември 2017

Плетивата се нашите омилени зимски парчиња.

Удобни, меки и пријатни, совршени за студените зимски денови.

Затоа нашата предлог идеја за „Тренд аларм" за оваа недела е комбинација на предимензиониран, плетен џемпер од Манго со висока јака и широки ракави во бела варијанта.

Го комбиниравме со мини здолниште од лакирана еко-кожа украсено со карнер, стајлинг што може да го планирате за вашето следно викенд излегување со пријателите.

Изгледот е заокружен со ултра популарните мото чизми од Bata украсени со бисери.

 

Стајлинг: Fashionel.mk
Комбинација: Fashion Group (здолниште, џемпер – Манго; чизми – Bata)
Модел: Лидија Ангелкова (Модна агенција Моделс ИН)
Шминка: Елена Лука

Објавено:
28 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.424 пати