Тренд аларм: Впечатливо фустанче за луда и незаборавна Нова година

28 декември 2016

На само неколку дена пред најлудата ноќ во годината, ние ви предлагаме што би можеле да одберете како совршена комбинација за празничната вечер.

Доколку сѐ уште не сте се одлучиле кое е фустанче што ќе направи да бидете впечатлива каде и да се појавите, тогаш ние денеска го имаме вистинското за вас.

Станува збор за навидум едноставно, но прекрасно свечено фустанче во неодолива златна нијанса.

Истото е супер затоа што можете да го комбинирате со што и да посакате, а во случајов ние предлагаме со едноставни високи потпетици и интересни обетки во златна нијанса.

Уживајте во празничната ноќ и поминете си најубаво што можете!

Комбинација: Fashion Group

Фустан: Springfield

Потпетици: Mango

Обетки: Parfois

Модел: Соња Граждани

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Студио Инфинито

Објавено:
28 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
675 пати