Тренд аларм: Здолниште и блузичка во крем нијанса + кафени чевли

2 април 2019

Пролетта е дефинитивно сезона во која се буди нашата креативност за правење супер стилски комбинации, но запомнете дека некогаш едноставното е најубаво.

Денеска ви предлагаме една токму таква комбинација составена од две парчиња кои можете да ги носите заедно, но истите изгледаат совршено и посебно.

Станува збор за памучно здолниште со висок струк и должина до под колената, во комбинација со блузичка на долги ракави од истиот материјал.

Истите се навидум едноставни, но изгледаат неверојатно шармантно заедно, а уште подобри во комбинација со вистинските детали.

Ововјпат, ние ги комбинираме со кафени чевли со интересен израз и потпетица и кафена стилска чанта.

Секако, ниту денеска не го забораваме накитот, па така во оваа комбинација единствено вметнавме обетки со интересна форма во златна нијанса.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Здолниште, блуза, чевли: Mango

Обетки, чанта: Parfois

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
2 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.185 пати