Тренд аларм: Жолто фустанче + сламена шапка

12 јуни 2018

Веројатно нема подобра комбинација од оваа за справување со летните горештини! Лежерното фустанче со копчиња во предниот дел е сè што ви треба за ова лето.

Истото е со жолто – бели пруги, фантастичен ремен на половината, одлична должина и материјал од кој нема да посакате да излезете.

За летото да биде уште поубаво, фустанчето комбинирајте го со овие шармантни влечки со реси во предниот дел кои се одлични за горештините.

Заштитете се од сонцето со оваа шик сламена шапка со портокалов детал, а што се однесува до модните додатоци, оставаме на вас.

Комбинација: Fashion group 

Стајлинг: Fashionel

Модел: Миа Мојсовска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
12 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
875 пати