Тренд аларм: Зимски аутфит во интензивни бои

1 февруари 2019

Секогаш најдете „изговор" и прилика, во вашите комбинации да вметнете боја. Особено во зима...

Ве охрабруваме да не се плашите од интензивниот колорит и почесто да го користите во нагласувањето на личната естетика.

Токму во тој контекст е и нашиот денешен избор за Тренд аларм.

Одбравме супер колоритна комбинација што вклучува неколку впечатливи парчиња од Манго.

Палтенцето во сина боја и плетена блуза во изразена розова нијанса ќе го освежат вашиот зимски имиџ.
Ги комбиниравме со тесен џинс и чизми до глужд во силвер нијанса.

Уживајте во колорот!

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Џинс, чизми, блуза, палто: Mango
Обетки: Parfois
Модел: Миа Бошева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
1 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
549 пати