Тренд: Камуфлажа

27 април 2017

Милитари стилот секоја сезона претрпува некаква трансформација, но она што е сигурно е дека речиси секогаш е актуелен.

Оваа пролет-лето сезона, парчињата – камуфлажа повторно се во фокусот на модното внимание.
Нивната актуелност се однесува и на машкиот и на женскиот плакар, а многу често парчињата во овој стил се безродови.

Особено ќе бидат актуелни предимензионираните јакни во милитари стил, што ќе може да ги комбинирате во различни аутфити, а неколку идеи како тоа да го правите, следуваат во продолжение.

 

Објавено:
27 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
341 пати