Тренд: Нозе „облечени“ во кошула?

22 јули 2014


Чорапи и чевли со висока потпетица се појавуваат како тренд, но веќе одамна не се доминантен. Јапонската компанија „Еримаки сокс“ се надева дека ќе го повтори тоа, но со мали измени. Се работи за чорапи кои изгледаат како кошула.

Овие чорапи се облекуваат вообичаено како и сите други, но поради деталите што ги содржат како копчиња, крагна и слично, изгледа како на стапалото да сте „облекле“ кошула.

Овој јапонски прозивод се продава по цена од околу 23 евра, а е достапен во различни дезени и бои, па можете да облечете карирани кошули, со риги, кошули за нозе со точки и слични.

Компанијата продава и дополнителна „опрема“ за чорапите, па за истата цена можете да си купите и вратоврска или ѓердан за чорапите.

Би го носеле ли ова?

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Тренд