Тренд: Ракавите во преден план

18 јануари 2016

Со што и да сакате да се подновите за актуелната или веќе следната сезона, важно е ракавите да бидат впечатливи, велат модните инсајдери.

Широките се една од опциите, а со оглед на тоа дека шпанската нота доминира во колекциите за пролет-лето 2016, карнерите ќе бидат неизоставен дел од многу комбинации.

Затоа, ако се одлучите за кошула, блуза или фустан со ракави со карнери ќе бидат вистински погодок.

Ако тоа ви е премногу, тогаш има и посуптилна варијанта – ѕвонести ракави или оние со набори.

Во галеријата погледнете неколку предлози.

Што мислите вие за овој тренд?

Објавено:
18 јануари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.223 пати