Секоја девојка знае дека нема ништо подобро од квалитетни фармерки кои добро нѝ стојат и во кои можеме да го минуваме секој ден.

Тие се особено омилени бидејќи се супер лесни за комбинирање, односно можеме да ги носиме секој ден со разни кошулки, џемпери, палта, маички и што уште не.

Токму поради овие причини тие се вистински класик во плакарот на секоја дама, а совршени се за сите возрасти и за сите форми на тело.

Секако, при одбирањето на истите задолжително треба да внимавате на тоа каков модел ви прилега и не секогаш слепо да ги следите трендовите.

Денеска, со големата понуда на пазарот и во речиси секоја продавница има разни модели на фармерки од кои можете да го одберете вашиот фаворит.

Оваа сезона девојките најмногу сакаат да ги комбинираат со широки џемпери, карирани палта, мантили и што уште не.

Истите без проблем можете да ги носите и на некоја посебна пригода, секако, соодветно комбинирани со некоја свилена кошулка и високи потпетици за софистициран изглед. 

Во галеријата погоре погледнете како девојките ширум светот носат разни модели на фармерки секој ден од месецот и инспирирајте се.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
5 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.333 пати