Како што постојат трендови во светот на возрасните, истото е случај и со најмалите, но кога станува збор за нив удобноста и квалитетниот материјал се секогаш на прво место при изборот.

Познатите брендови за деца веќе имаат нови пролетни колекции во кои ќе најдете прекрасни парчиња за вашите дечиња, почнувајќи од јакнички за овој преоден период па сè до памучни маички на куси ракави.

Секако, за девојчињата има огромен број на колоритни бохо фустанчиња, но и едноставни маички и кошулки со принт што можете да ги комбинирате со фармерчиња или хеланки.

Како и секоја топла сезона, класичните позитивни бои како розова, сина, зелена, бела и црвена се едни од најприсутните, а токму тие најубаво им прилегаат на најмалите.

Што се однесува до колекциите за малите момчиња, низ продавниците ќе најдете тренди широки панталончиња во милитари стил, едноставни маички со потпис, пролетни јакни со качулки и секогаш удобни патичиња.

Како и кај возрасните, така и кај малите, животинскиот принт е еден од најприсутните трендови, а секако и цветните детали се повторно присутни.

Во галеријата погледнете некои од најпопуларните трендови во колекциите наменети за нашите најсакани.

Инфо и фото: Journal.hr

Објавено:
19 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
969 пати