Тренди спој: лежерно плетиво + здолниште

5 ноември 2018

Спојот на „спротивностите" секогаш е предизвик во модната индустрија. Фузијата на различните естетики е доминантна во уличната мода и токму тоа е она што ја прави возбудлива. А тендециите од уличната мода се наметнуваат и во општоприфатените трендови, што повторно укажува на нејзиното влијание во модниот свет.

Една таква сезонска тенденција, популарна и меѓу впечатливите стилски икони од уличната мода, но и на Инстаграм, е спојот на лежерни, широки и топли плетива со дамски и елегантни здолништа.

Таквата комбинација остава впечаток на урбан, а истовремено и софистициран изглед. Предност е што овој спој може да го имате во предвид и како деловна комбинација, комплетирана со соодветни чевли и блејзер, а од друга страна со избор на повпечатливи дезени, матријали или бои, овој аутфит е функционален и во свечена варијанта со елегантни високи потпетици.

Дополнителна инспирација ви посочуваме во галеријата во продолжение.

Фото извор: Инстаграм, Пинтерест

Објавено:
5 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
872 пати