Во текот на топлите денови сите сакаме да се чувствуваме пријатно во лежерни комбинации во кои најдобро ќе се справиме со жештината.

Ова особено важи за бремените жени кои секој ден мораат да ги пронајдат вистинските парчиња во кои истовремено ќе се чувствуваат удобно и шик.

Доколку имате време да одвоите и да се инспирирате од социјалните мрежи, тогаш сигурно ќе забележите дека широките фустани, лесните здолништа со висок струк и шик кошулите се омилени на бремените девојки.

Подеднакво кул се и фустаните на преклоп кои се едни од омилените на девојките за топлата сезона што допрва доаѓа.

Кога говориме за обувки, патиките во секоја форма секогаш се супер избор за бремените жени, но и удобните сандали на ниска потпетица се нешто во што ќе уживате.

Украсете ја секоја комбинација со соодветен накит, па така направете избор со кој ќе ја истакнете комбинацијата и ќе бидете супер модерна.

Утрата сѐ уште се свежи, па така задолжително со себе понесете некоја тренди јакничка или џемперче како уникатно надополнување на комбинацијата.

Погоре во галеријата погледнете неколку прекрасни бремени дами кои направија супер избор кога се во прашање комбинациите за ова време од годината. 

Извор и фото: Modamo.info

Објавено:
23 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.146 пати