Уличната мода нè инспирира како да ја носиме омилената бела маичка

13 јуни 2018

Во сечиј плакар има по една омилена бела маичка, независно од личниот стил. Тоа е така бидејќи се работи за безвременско парче кое ѝ припаѓа на модната класика. Може да се комбинира ефективно во сечиј имиџ независно од сезоната.

Белата маичка исто како и џинсот е засекогаш „must have". Затоа, секогаш се добредојдени мотивирачки идеи како да ги комбинираме во нашиот секојдневен стил.

А уличната мода е секогаш инвентивна по тоа прашање. Затоа издвоивме неколку интересни идеи кои ќе ви помогнат да најдете нов начин како ова лето белата маичка да ја имплементирате ва вашиот летен стил.

За преку ден белата маичка ја комбинираме со кратки шорцеви, широки панталони, лелеави здолништа, со патики или еспадрили, а за навечер ги имаме во предвид романтичните слип фустани, панталоните со висок струк, здолништата со карнери или со шлиц и високите потпетици.

 

Објавено:
13 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.838 пати