Ултимативен пролетен водич за џинс

24 април 2018

Еден од феномените на модната индустрија, несомнено е џинсот. Ги „преживеа" сите декади, сезони, трендови и доби култен статус на модерна класика.

Секоја сезона сведочиме за различни тенднеции во кои џинсот секако ќе си го најде своето место.

Пролетва носиме џинс од глава до пети, комбинираме џинс со џинс... Повторно се актуелни кроевите што го носат шмекот на 70-те години. Ќе го издвоиме џинс комбинезонот со ногавици во „ѕвонест" крој – ова парче е едно од најекспонираните во актуелната улична мода, а модните блогерки често знаат да го комбинираат со марами со впечатливи принтови, ретро очила за сонце и чевли на ниска потпетица или такви на платформа.

Фармерките со широк крој и висок струк остануваат ултимативен тренд и годинава, а нивната должина варира од такви до глужд до макси.

Мини џинс здолништата се уште едно ретро парче кое доби свое модернизирано лице во актуелната мода, а трапезоидните кроеви со висок струк се на врвот на тенденциите оваа пролет.

Како изгледа оваа пролет во џинс, погледнете во фото галеријата.

Фото извор: Getty images, Пинтерест

 

Објавено:
24 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.080 пати
Тагови: 
тренд џинс