Ултра виолетова улична мода

28 декември 2017

Како изгледа уличната мода обоена ултра виолетово? Драматично, возбудливо, привлечно...

Бојата на годината според институтот „Пантон" има значајна моќ на трансформација.

Само имплементирајте ја во вашиот изглед и истиот добива една поинаква естетска нота.

Во уличната мода веќе е значително присутна и преку изборот на суптилни модни додатоци и доминантно преку монохроматски комбинации во ултра виолетово.

Од ексцентричен изглед до софистициран деловен аутфит, само прашање  е како вие ќе ја примените и комбинирате...

Објавено:
28 декември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
901 пати