Уникатно сако од брокат за отмен изглед од празничната колекција на Елена Лука

3 јануари 2019

Со стартот на новата година го освежуваме и нашиот личен имиџ.

За отмен доем одбираме шик сако од празничната колекција на модниот бренд Елена Лука.

Префинетиот дизајн на сакото е совршен избор за сите модерни дами кои претендираат да му дадат стилска автентичност на својот изглед.

Раскошниот брокат од кој е изработено ова луксузно дизајнерско парче, му дава дополнителен шарм.

Може да го имплементирате во некој од вашите свечени аутфити за време на празничните забави или пак да го комбинирате во вашиот деловен изглед со минималистички црни панталони или елегантно здолниште со висок струк.

Стилскиот печат е неминовен.

 

Објавено:
3 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.305 пати