Урбан бренд за трудници

21 октомври 2016

Hatch е урбан бренд кој им овозможува на жените кои се во блажена состојба на себе да носат трендовски парчиња облека. Иако периодот на бременоста често се сфаќа како „ограничувачки" во однос на изборот на облека, производите од овој бренд го докажуваат спротивното.


Слип фустаните, плетенините како и џинсот прилагоден за трудници, се вистински стилски парчиња за модерните мајки.


Инаку овој бренд го обожуваат и познатите холивудски мајки како Емили Блант, Кендис Сванпул и Оливија Вајлд.

Парчињата се така скроени пред се да обезбедат удобност за идната мајка, но истовремено се стилски, естетски и урбани.

Погледнете дел од нивните најпродавани парчиња.

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.275 пати