Урбан изглед на летна свеченост – неколку идеи плус

2 јуни 2018

Излезете од рамките на монотонијата и ако ова лето сте поканети на некој свечен настан, направете храбар стилски избор. Наместо веќе проверена варијанта, пробајте нешто ново и забавно. Во прилог на ова се и актуелните модни тенденции, што ова лето пред нас отворија еден бесконечен хоризонт на интензивни бои, разиграни принтови и неконвенционални кроеви.

Ако до сега сте немале навика на некоја свеченост да облечете костум, тогаш токму панталони и блејзер нека бидат вашиот избор за следна прилика – надополнет со интересен накит и впечатливи чевли.

Доколку вообичаено носите монохроматски парчиња, тогаш летово одговорете на колоритниот предизвик и облечете фустан во интензивна розова, зелена, жолта боја во комбинација со принт... Можеби ќе се пронајдете во нов стилски фазон, а летото е совршена можност за мали модни егзибиции.

Романтични цвенти фустани со карнери, слип фустани со страничен шлиц, фустани на закопчување или такви на преклоп, надополнети со клач чанти со принтови и високи потпетици – изборот е неодолив.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
2 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.434 пати